За време на нашиот спор со градот Беркли и останатите околу нападот во септември ’89 е.в., искрсна едно интересно прашање. Советот на одбраната ја искажа својата главоболка, збрка, и неверица по прашањето за религиозната природа на О.Т.О. Се дојде до настојување О.Т.О. и Телема да се заверат како “сатанистички”, очигледно во некоја чудна увереност дека “сатанизмот” не е дозволена религиозна активност О.Т.О. и Телема не се “Сатанистички” во која било смисла, освен во онаа која ја користат нетолерантните религии спрема сите други религии односно, во етикетирањето. Бидејќи се работи за трајно признавање на Телемата како религија сакав на кратко да укажам на самата нејзина природа.

Редот О.Т.О. ја прифати Телемата како свој религиозен идентитет под водство на Алистер Кроули. Пред Кроулиевото преземање на водство ориентацијата на О.Т.О. била главно јудео-христијанска, со елементи на Источна филозофија. Самиот Кроули го окарактеризирал О.Т.О. како “Прв од Големите Редови на антиката, кој го прифати Законот на Новиот Еон и кој дошол од страна на А.’.A.’., а тој гласи Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон, реорганизирајќи се во согласност со него…”. Тогаш по што се разликува Телемата од останатите Западни религиозни традиции?

На запад религијата е обично исклучива. На Исток пак, религијата е понекогаш вклучителна. AL I, 56 “… сите зборови се свети, а сите пророци вистинити, само што Тие разбираат малку..”. Телемата, Хиндуизмот и Будизмот се толерантни и вклучителни религии. За сите други религии се смета дека поседуваат еден дел од вистината и најголемиот дел од религиозни пракси и верувања се сметаат за прикладни во Телемата, Хиндуизмот и Будизмот. Значи за еден Телемит, Хиндуист, Будист прифатливо е да го обожава Христ, Зевс, Хорус, повеќе богови или ниеден бог. Поединечното верување е лично, а општото верување е една поголема целина. Постојат облици на Будизам кои веруваат во локални демони и облици на Будизам кои се изразито атеистички.

Така е и во Телемата. Источњачките религии прифаќаат ограничување на човечката свест, култура и опкружување. Тоа е реткост меѓу западните религии.

Суфизмот смета дека човекот треба да се прилагоди на традициите на културата која го опкружува. Во времето на Шекспир во Англија постоела една секта со име “Family Love” (Фамилијарна љубов) која сметала дека надворешниот религиозен израз не е важен и дека би требало да се менува од место до место. Била важна само внатрешната суштина. Сум видел документи од тоа време кои зборуваат за прогонување на сектата “Family Love”. Телемата исто така се наоѓа под напади

Во О.Т.О. имаме Сатанисти, Католици, Лутерани, Баптисти (неколку),Будисти(повеќе), Таоисти, Евреи, Вештери, Хиндуисти, Муслимани и многу други. Како Телемата може да биде една религија? Едноставно. Ако треба да видите некој личен бог ќе имате некоја слика на тој бог. Ако можете да ја надминете таа тесна парохијална слика ќе видите многу појасно. Ако можете да видите еден бог во сите богови уште подобро. Ако можете да го прифатите Liber AL и да ги толерирате ограничувањата на другите визии можете да бидете Телемит.

Бил Хајдрик, Телема Ложа