Ова е листа на издадени книги на македонски јазик кои можат да се најдат кај нас во книжари или библиотеки до дадениот момент. Ако не може да најдете некоја од книгите слободно контактирајте не преку контакт формата.
Со секое излегување на нов превод на македонски јазик, листата ќе биде благовремено надополнувана и ќе бидете информирани за новите изданија од библиотеката на О.Т.О.

Сите изданија се печатени со дозвола од О.Т.О.

The-Book-of-the-Law-Liber-Al-Vel-Legis-Weiser-Books-9781578633081Издадена 2014
Oвaa Книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8, 9 и 10 април 1904 година. Авторот се нарече себеси Аиваз и тврдеше дека е “пратеник на Xoop-Паар-Краат”, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ке биде објаснето подоцна. Како можел тој да докаже дека е суштество од вид што е посупериорен од кој било припадник на човечката раса и со тоа овластен да говори со авторитет? Oчиглeднo дека тој морал да покаже 3НАЕЊЕ и MOЌ какви што ниту еден човек досега не поседувал.
Тој гo покажа ова 3НАЕЊЕ главно со употреба на шифриран текст или криптограм во определени параграфи, за да ги изложи скриените факти, вклучувајќи и некои настани коишто допрва треба да се случат, за кои ниедно човечко суштество не би можело да знае; според тоа, доказите на неговото тврдење постојат во самиот ракопис.
Издадена 2014
Во книгата суптилно е изразен симболизмот на Слободните Ѕидари како и симболизмот на други традиции. Алистер Кроули не само што бил длабок извор на фундаментално знаење, туку и уште подлабок извор на симболичко знаење.
 Издадена 2013 Книга во форма на лекции на разни теми, упатени од Големиот Ѕвер DCLXVI кон неговиот духовен син DCCLXXVII, но чии совети може да ги искористи секој. Книга која дава добра слика за практичната примена на телемата кај секој поединец на Земјата во било кое поле на интерес, од наука, уметност па до самиот духовен развој кај човекот.
Книга која ќе ви даде практични упатства како да го одите својот Пат и како да ги искористите различните варијации по него.
Издадена 2012 Она што е Webster или Murray за англискиот тоа е Liber 777 за окултниот јазик. Собрани и систематизирани повеќе системи од Истокот и Западот се со цел да се добие една кохерентна слика.

Издадена 2010
  • Деца
  • Човештво пред се
  • Писмо од Терион
  • За среќата

и други есеи


Издадена 2008

Фантастичен приказ за еден минат живот во Египет. Неговиот главен интерес лежи во фактот што се работи за сторија во која е опишана промената на Еонот на Изида со Еонот на Озирис. Тоа може да му помогне на читателот да ја сфати сегашната смена на Озирис со Хорус во сегашниот Еон.

Во Мали Есеи за Вистината, Кроули испитува 16 концепти кои се основа на човечкото постоење во светло на Светата Кабала. Овие есеи се философски tour de force, и во нив тој одделно дискутира за секоја од силите, атрибутите и искуствата кои се составен дел од Човекот. Ова е едно од Кроулиевите најзрели дела и бидејќи повеќе се обраќа на интелигентниот скептик отколку на специјалистот, претставува луциден вовед во Патеката на Мудреците. Ова ревидирано издание вклучува предговор, дијаграм, појмовник, библиографија и индекс.

Издадена 2007

 ИЗГУБЕНИОТ КОНТИНЕНТ

Приказ на континентот Атлантида: на навиките, обичаите, магиските ритуали и размислувањата на неговите жители, заедно со вистинит приказ на така-наречената катастрофа која резултира со неговото исчезнување.

Македонскиот превод е базиран на двете скрипти од колекцијата на Х.П. Смит и Ф. Секлер. Исто така, вклучен е и предговорот на Вилијам Талбот Смит (Фратер 132).

 
Издадена 2006
Алистер Кроули беше меѓу првите европејци што проучуваа, практикуваа и поучуваа Јога. Неговиот интелектуален печат – филозофската синтеза на мистицизмот и науката – потекнува од неговите проучувања на Јогата на Исток во времето на промената на векот. Овие осум лекции, напишани во 1937 год. ги презентираат некои од Кроулиевите заклучоци по филозофската истрага што траела цел живот.Зборувајќи напати како мистик, магус, филозоф, научник и сезонски авантурист, Махатма Гуру шри Парамаханса шиваџи избегнал неколку востановени системи, дури и воодушевувал со правењето вицови на своја сметка.Ревидираното второ издание, претставено и прокоментирано од Хименеус Бета, фратер Супериор на О.Т.О. вклучува и нов портрет на авторот и индекс.
 
Издадена 2005  

Излезе од печат второто македонско издание на Книгата на Законот заедно со коментари  од Мајсторот Терион,  кои имаат големо значење за разбирањето на Телемитската доктрина:  

 „Во овој Коментар на Книгата на Законот се говори за околностите под кои е запишана Книгата или поточно, како беше пренесена на човекот, кој ја запиша.

Постои битие наречено Аиваз, бестелесна интелигенција, кој ја напиша Книгата на Законот, користејќи ја мојата рака и уши. Умствено тој е сигурно посупериорен од мене во знаење и моќ, зашто уште оттогаш тој владееше со мене и ме поучуваше

 
Издадена 2003
Магика без солзи

Алистер Кроули
комплетна верзија – уредник Карл Гермер

Книгата се состои од 83 писма упатени од големиот мајстор  Кроули до својата ученичка која штотуку започнала со освојување на таа тајна и хиерофантска вештина наречена Магика.