Телемитски календар, телемитски организации

Телемитскиот календар ги брои годините од 1904 е.в. (т.е. годината на примањето на Liber AL). Секоја Телемитска година започнува на 20 март – Пролетниот Еквинокс (Рамноденица) за северната хемисфера.

Наместо едноставно да ги брои годините од 1904 година,Телемитскиот календар се користи со двостепен систем. „Горното“ ниво го покажува бројот на изминати дваесет и два годишни периоди од 1904 г.; „долното“ ниво ги покажува годините од почетокот на сегашниот 22 годишен период. Претставени се со Римски броеви. Така 1996 година (по 20 март) е Телемитска IVIV, зашто 1904 + (4 х 22) + 4 = 1996.

astrologyНекои Телемити ги припишуваат 22-те години од секој циклус на 22-та Атуа од Таротот. 22 годишните броеви на периодот се исто така поврзани; така 1996 (IVIV) е двојно поврзана со Ату IV на Таротот, т.е Царот. Во секоја година датумите и времето се често искажани преку позицијата на Сонцето и Месечината во Тропскиот зодијак. На пример 12 мај 1996 е.в во 6 попладне би било искажано како IVIV, Сонце во 22 степени на Бик, Месечина 29 степени на Риби. Тоа со толеранција од два часа прецизно го определува времето.

Давајќи ги датумите во цивилниот календар, Телемитите често ќе додадат „е.в“. Тоа се почетните букви од Латинската фраза „ера вулгарис“, или „сегашна ера“.

Телемитски Свети Денови

Официјалните свети денови на Телема се дадени во Книгата на Законот, II, 36-41. Датите поврзани со нив се во коментарите од Кроули и сумирани се на следниов начин:

Ритуали на Елементите и Прослави на Добата – Рамнодневници и Сонцестои.

Прослава за Првата Ноќ на Пророкот и неговата Невеста – 12 Август.

Прослава за Трите Дена на Пишувањето на Книгата на Законот 8, 9 и 10 Април, почнувајќи секој ден напладне.

Прослава за Врвниот Ритуал– (Инвокација на Хорус) – 20 Март го одбележува и почетокот на Телемитската нова година.

Прослава за Рамноденица на Боговите– пролетен еквинокс, секоја година го одбележува почетокот на Телемата во 1904 г. е.в.

Запазени се три пресвртници во животот на секој Телемит. Раѓањето се слави во Прослава за Животот; пубертет во Прослава за Огинот(за момче), или Прослава за Водата (за девојка); смртта е славена во Големата Прослава за Смртта.

Различните годишнини што ги одбележуваат главните настани и фигури во историјата на Телема и О.Т.О. неформално се прославувани од разни Телемитски групи.

Карактеристики и Обичаи

Речиси сите Телемити водат забелешки за своите пракси и прогресот од нив во Магичкиот Дневник. Повеќето Телемити практикуваат посебен вид на молитва 4 пати дневно, одбележан во книгата Liber Resh vel Helios, поздрав на Сонцето.

Телемитите често земаат мистично име или магичко мото како знак на завет; и обично се поздравуваат со фразата, „Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон“; на која вообичаен одговор е „Љубовта е закон, љубов под волја“. Понекогаш тие се скратени во абревијацијата со бројот „93“ кој ги симболизира и Волјата и Љубовта преку Телемитската нумерологија.

Иако секој Телемит мора да ја интерпретира Liber AL за себе, повеќето Телемити сметаат (во согласност со Кроулиевата интерпретација) дека секоја личност има божествена Вистинска Волја и дека доколку секој си ја знае и извршувал својата Волја тогаш ќе има хармонија. Меѓутоа бидејќи сите ние сме во процес на откривање на нашите Вистински Волји, понекогаш постои конфликт. За повеќето Телемити резултира практична етика на немешање: да се вмешуваш во нечија Волја и слобода најверојатно ќе значи дека не си во согласност со својата Вистинска Волја.

Како резултат на тоа повеќето Телемити и Телемитски заедници ја делат етиката на хармонија и немешање, избегнувајќи ја претпоставката дека еден човек може подобро да му ја познава Вистинската Волја на некој друг. Ова создава атмосфера на заемна почит и доверба и ја охрабрува секоја индивидуа да го открие својот пат на Вистинска Волја, а не да се потпира на нечии други совети и насоки.

 Телемитски Организации

Ordo Templi Orientis (O.T.O.) е регистриран Ред со седиште во Калифорнија – Америка. Во широкиот контекст на Телема, О.Т.О. работи како братска, иницијаторска, социјална и образовна организација од религиска природа.

Во О.Т.О. е вклучен специфичен литургиски оддел наречен Ecclesia Gnostica Catolica (E.G.C.) Гностичка Католичка Црквакоја стана поврзана со О.Т.О. преку Д-р Жерар Анкос (Папус) во 1908 г. е.в. Основниот ритуал на E.G.C. е Гностичка Миса. Членувањето во E.G.C. e можно преку заредување и крштевање. Многу локални О.Т.О. тела редовно ја прославуваат Гностичката Миса и кај повеќето е можно присуство.

О.Т.О. долго време работи во тесна соработка со Редот А...А..., кој прв на светот му го објави Законот на Телема. Редот А...А... е подучувачка и иницијациска структура посветена на духовен напредок на своите членови. Во А...А... сите услуги се бесплатни и нема социјални активности. О.Т.О и А...А... заедно го издаваат журналот Еквинокс од 1912 е.в. Иако се одвоени организации О.Т.О. историски го помагаше А...А... во практичните работи кои се вон неговата примарна мисија, која е чисто спиритуална.