Структурата на О.Т.О., како што е случај со Масонството и древните школи на мистерии, е базирана на постапни серии на иницијации или степени, повеќето од кои се изведуваат церемонијално. Во тие Ритуали О.Т.О. го подучува кандидатот со алегории и симболи за длабоките мистерии на Природата и така му помага да го открие својот вистински Идентитет.

Иницијациското членување е можно само преку физичка церемонија од званично овластен иницијатор. Тоа е поделено на степени. Во О.Т.О. има вкупно 21 иницијациски степени, тука спаѓаат тринаесет нумерирани и осум ненумерирани, преодни степени или подстепени.

Степените на О.Т.О. се поделени во три Групи или “Тријади”; Пустиник, Љубовник и Човек на Земјата, како што е прикажано во табелата:

Степен

Титула

Симбол

Трета Тријада или
Човек на Земјата

Минервал

M

Човек и БратЖена и Сестра

M.

II°

Магичар

M..

III°

Мајстор Магичар

M.’.

IV°

Перфектен Магичар и
Придружник на Светиот Кралски Свод на Енох

P.’.M.’.

Перфектен Иницијант или
Принц на Ерусалим

P.’.I.’.

Вон
сите Тријади

Витез на Истокот и Западот

K.’.E.’.W.’.

Втора Тријада – Љубовник

Суверен
Принц на Ружа и Крст и Витез на Пеликан и Орел

Витез на
Црвениот Орел и Член на Сенатот на Херметични Витези

VI°

Славен Витез (Темплар) на Редот Кадош и Придружник на Светиот Грал

Голем Инквизитор Управител и Член на Големиот Трибунал

Принц на Кралската Тајна

VII°

Теоретикус и Многу Сјаен Суверен Голем Сеопшт Инспектор

Магус на
Светлината и Бискуп на Гностичка Католичка Црква

Голем
Мајстор на Светлината и Инспектор на Ритуалите и Степените

Прва
Тријада или Пустиник

VIII° Перфектен Понтиф на
Илуминатите
Епопт на Илуминатите
IX° Иницијант на Светилиштето
на Гнозата
Врховен и Свет Крал
XI° Иницијант на Единаесеттиот
Степен (Овој степен е технички и нема поврзаност со генералниот план на
Редот)
XII° Frater Superiorи Надворешен Водач на Редот

 

Степенот Минервал (Oo) е воведен Иницијациски степен, креиран така што му овозможува на кандидатот да се одлучи дали да стане полноправен член или не. Членовите од Степен Минервал можат да започнат новајлиски тренинг за Ѓаконaт и/или Свештенство во Ecclesia Gnostica Catholica. Прв степен (Iо) значи полноправно членство. Иницијантот од Прв Степен може да истапи од активно учество во О.Т.О., но спиритуалната врска креирана во церемонијата на Првиот степен помеѓу Редот и иницијантот ќе остане до крајот на неговиот живот. Иницијант од Втор Степен е подобен за заредување како ѓакон во Гностичката Католичка Црква.

Над степенот P...I... напредувањето е само со повик. Иницијантите од преодниот степен Витез на Истокот и Западот (K.’.E.’.W.’.) се подобни за формално ракоположување во Свештенството на Ecclesia Gnostica Catholica. Епископското посветување во Ecclesia Gnostica Catholica се доделува како дел од Седмиот Степен. Десетиот степен го носи Сеопшт Национален Голем Мајстор на О.Т.О. во одредена земја.

Степените од “Човек на Земјата” го следат моделот базиран на симболизмот на Чакри и степените на Кундалини Јога; и го претставуваат во драмска форма Патот на Индивидуата во Бесконечноста. Во (Oo) Егото, Богот скитник е привлечен кон Соларниот Систем. Во (Io) Детето доживува Раѓање. Во (IIo) Маж или Жена го живеат Животот. (IIIo) претставува Смрт на индивидуата, а (IVo) го претставува светот зад Смртта, величествената состојба на Иницијантот. Во P... I... Степенот, Иницијантот симболично ја достигнува врвната Перфекција и целиот циклус завршува во Анихилација.

Од овие Случки или Станици на Патот, сите освен (IIo)претставуваат едно критично искуство. Ние сме сепак најмногу поврзани со различни искуства од Животот. Сите понатамошни степени затоа се разработка на (IIo), прогресивни упатства како да се живее, бидејќи е тешко во една церемонија дури и воопштено да се скицира Учењето на Иницијантите во однос на Животот.

Според тоа, ритуалите и учењата од (Vo)-(IXo) се инструкции на Иницијантот за Господарење со Животот; тука се инструкциите во Херметичката Филозофија, Кабала, Магика, Јога, сите со цел да го спремат Иницијантот за откривање и посветување во една Врвна Тајна.

Секој маж и секоја жена што се полнолетни, 18 или повеќе години) слободни и со добра препорака имаат неоспорно право на првите три степена на О.Т.О. (но не според некој посебен временски распоред) Овие „почетни три степени“ всушност ги вклучуваат сите степени од Тријадата “Човек на Земјата”; бидејќи Минервал е вовед во Првиот Степен, а Четвртиот и P...I... се додатоци на Третиот Степен.

Напредувањето на О.Т.О иницијантите кон Четвртиот и P...I... Степен обично е прашање на години. Определено време обично е потребно за да се овозможи потполно созревање на ефектите од О.Т.О. иницијациите, иако при одредени услови Минервалот и Првиот Степен можат да се земат во иста прилика, ако тоа го сака кандидатот.